Collector
Giriş Yap
НБА ја призна грешката: Вембанјама мораше да биде казнет | Collector
НБА ја призна грешката: Вембанјама мораше да биде казнет

НБА ја призна грешката: Вембанјама мораше да биде казнет

НБА ја призна грешката: Вембанјама мораше да биде казнет НБА 2025/2026 ПЛЕЈОФ ФИНАЛЕ Филип Здравески 10.06.2026 / 16:25 Кошарка Ден по поразот на Њујорк Никс од Сан Антонио Спарс, официјалните лица на лигата потврдија дека судиите не досудиле прекршок од Виктор Вембанјама поради сомнителен контакт со Џејлен Бренсон. Инцидентот се случи за време на првата четвртина во „Медисон Сквер Гарден“, кога францускиот центар од зад грб го турна капитенот на Никс и го собори на подот, додека судиите останаа неми. Шефот на судиите во НБА, Монти МекКачин, се појави на ESPN и призна дека одлуката била погрешна. „Пропуштен е прекршок на Виктор Вембанјама врз Џејлен Брансон“, рече МекКачин, потврдувајќи дека лигата сè уште разгледува дали ситуацијата последователно ќе биде окарактеризирана како неспортски личен фаул. Brunson frustrated at Wemby pic.twitter.com/0xd2HO78NV — ESPN (@espn) June 9, 2026 Таква можност постои во НБА. На играч може да му се изрече неспортска лична грешка со последователен преглед на видеото, дури и ако не е досудена за време на натпреварот. Сепак, што и да одлучи лигата, Њујорк нема да има никаква конкретна корист од тоа. Резултатот останува ист, Спарс победија и го намалија дефицитот во серијата на 2-1. Контроверзната ситуација дополнително ја разгоре приказната за промената на имиџот на Вембли за време на плејофот. Французинот со години е познат како смирен и сталожен играч, но крајот на сезоната ја изнесе на виделина неговата поагресивна страна. Многумина веднаш направија паралела со дуелот против Минесота Тимбервулвс, кога го удри со лакт Наз Рид за време на полуфиналето на Западната конференција. Реакциите во „Медисон Сквер Гарден“ беа жестоки за време на самиот натпревар. Навивачите на Њујорк скандираа против Вемби, социјалните медиуми беа преплавени со снимки од контроверзниот момент, а меѓу оние што бараа реакција од лигата беше и големиот навивач на Никс, актерот Бен Стилер. Останува да се види дали НБА последователно ќе му досуди на Вемби неспортски личен фаул, но едно е јасно. Лигата ја призна грешката на своите судии, но тоа нема да им ја врати пропуштената можност на Никс на домашен терен да се доближат на чекор од нивната прва титула од 1973 година. Наместо водство од 3-0, Њујорк сега влегува во четвртиот натпревар со прашање кое сигурно ќе ги прогонува уште некое време - што ако судиите реагираа на време? НБА Виктор Вембанјама Сан Антонио Спарс Њујорк Никс Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site