Collector
Giriş Yap
Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА | Collector
Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА Филип Здравески 10.06.2026 / 17:05 Фудбал Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Француската легенда, тврди дека Инфантино бил вмешан во неговото отстранување од трката за највисоката функција во светскиот фудбал. Платини, еден од најдобрите фудбалери на својата генерација и некогаш прв фаворит да го наследи Зеп Блатер на чело на ФИФА, беше испитан во 2015 година од страна на Етичкиот комитет на ФИФА за исплата од 2 милиони швајцарски франци што ги добил од Блатер во 2011 година. Поради тој случај, Платини беше суспендиран на 8 години, а неговата казна подоцна беше намалена на 4 години со одлука на Арбитражниот суд за спорт (ЦАС). Тој и Блатер потоа се соочија со кривична постапка во Швајцарија, но двајцата беа ослободени пред Федералниот кривичен суд во 2022 година, а ослободителната пресуда беше потврдена по жалба во 2025 година. По неколку години правна битка, Платини сега одлучи да покрене нова постапка, а сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, е меѓу лицата наведени во барањето. Неговиот адвокат Оливје Баратели потврди дека во тужбата се тврди дека Инфантино и други актери „работеле на исклучување на Платини од трката за претседател на ФИФА“. Според тврдењата во документот, токму Инфантино бил тој што најмногу се обидувал да ја спречи кандидатурата на Платини. ФИФА сè уште официјално не ги коментирала овие обвинувања. Платини во текот на целиот процес тврдеше дека спорната исплата од два милиони швајцарски франци била заостаната плата за работата што ја извршувал како советник на Зеп Блатер од 1998 до 2002 година. Мишел Платини ФИФА Џани Инфантино Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site