Kajgana
Доби зелено светло: Синер ќе игра на Вимблдон Филип Здравески 10.06.2026 / 18:53 Тенис Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, може да здивне по здравствените проблеми што ги имаше на Ролан Гарос. По деталните прегледи во Италија, доби дозвола да продолжи со работа и да се фокусира на подготовките за Вимблдон, што е неговата следна голема цел оваа сезона. Италијанецот во последните неколку дена беше под надзор на експерти во клиниката „Сан Рафаеле“ во Милано, каде што беше подложен на низа тестови за да се утврди состојбата на неговото тело по напорниот период на натпреварување. Резултатите од тестовите покажаа дека нема сериозни здравствени проблеми, па затоа светскиот рекет број еден наскоро ќе се врати полн тренажен процес. Тестовите следеа по проблемите што ги имаше за време на настапот на Ролан Гарос, каде што неочекувано беше запрен од Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло во раната фаза од натпреварувањето. За време на тој натпревар, Синер доживеа грчеви и знаци на исцрпеност, што предизвика загриженост кај членовите на неговиот тренерски штаб. Според проценката на лекарите, причина за проблемите не е повреда или болест, туку комбинација од физички замор, недостаток на течности и огромното работно оптоварување на кое бил изложен во текот на изминатите месеци. Долгата серија турнири и постојаната борба за најголемите трофеи оставија трага врз телото на италијанскиот ас. Дополнителен проблем беа и тешките временски услови во Париз, каде што високите температури го отежнуваа опоравувањето помеѓу натпреварите. Посветеноста на Синер во текот на пролетната сезона се покажува со фактот што од почетокот на турнирот во Индијан Велс на почетокот на март до финалето на Мастерсот во Рим кон средината на мај одигра дури 29 натпревари. Таквиот ритам практично не оставаше многу простор за одмор, бидејќи беше на терен речиси на секои два до три дена. По консултациите со медицинскиот тим, беше донесена одлука следниот период да се посвети на регенерација и враќање на целосна физичка свежина. Поради оваа причина, Синер нема да учествува на официјалните АТП турнири на трева што му претходат на Вимблдон, па ќе ги прескокне настапите во Хал и Квинс. Јаник Синер Вимблдон Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off
Go to News Site