Kajgana
Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер Филип Здравески 08.06.2026 / 08:42 Фудбал Во Реал Мадрид се одржаа претседателските избори, на кои Флорентино Перес (79) убедливо победи и ќе остане на функцијата уште 4 години. Неговиот противник Енрике Рикелме вети дека ќе го доведе Ерлинг Халанд, но мнозинството членови на Реал Мадрид очигледно не му веруваа. Перес доби две третини од гласовите, а сега се очекува да го исполни своето ветување за доведување засилувања во вредност од 150 милиони евра. „Најдобрите играчи во светот секогаш ќе играат со мене, а тоа ќе биде случај и следната сезона“, рече тој минатиот понеделник во претседателската кампања. Веќе го исполни првото ветување. Веднаш по прогласувањето на победата, за време на својот победнички говор потврди дека Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид. „Горд сум што можам да го објавам враќањето на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо“, рече Перес. Florentino Pérez: “We are proud to welcome back one of the best coaches in the world, a proper Madridista… …José Mourinho”. pic.twitter.com/b2kyxLmESr — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 7, 2026 Мурињо го водеше Реал од три сезони од јуни 2010 до јуни 2013. По еднаш ја освои Ла Лига, Копа дел Реј и Суперкопа де Еспања, но потфрли во Лигата на шампионите. Реал е вториот клуб каде Мурињо се враќа на клупата по една авантура, откако тоа претходно го направи во Челси. Самите избори беа нарушени со контроверзии. Броењето на гласовите започна дури еден и пол час по затворањето на гласачките места, при што 400 гласови за Перес беа поништени поради двојни потписи. На крајот, тие гласови не беа пребројани, а тимот на Рикелме тврди дека најмалку илјада гласови за Перес требало да бидат поништени. Според официјалните бројки, имало рекордна излезност на членовите на Реал Мадрид, при што Перес освоил 65% од гласовите, или 21.741 глас. Рикелме добил 35% од гласовите, или 11.814 гласови. Ова ќе биде осмиот мандат на Перес како претседател на мадридскиот клуб. Зад Реал е неуспешна сезона во која остана без ниту еден пехар, а капак на неуспехот беше тоа што остана без ниту еден играч во репрезентацијата на Шпанија на претстојниот Мундијал. Мурињо досега двапати ја освои Лигата на шампионите, со Порто и Интер, и во вториот мандат ќе се обиде да го направи тоа и со „Кралскиот клуб“. Discurso íntegro de Florentino Pérez tras ser reelegido presidente. pic.twitter.com/ucBkVUPS5L — Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 8, 2026 Флорентино Перес Реал Мадрид Жозе Мурињо Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site