Kajgana
Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините Филип Здравески 08.06.2026 / 09:21 Свет Земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Минданао на југот на Филипините според Геолошкиот завод на САД (USGS), предизвикувајќи цунами високи до еден метар на некои брегови. Земјотресот се случил околу 7:37 часот по локално време на длабочина од околу 35 километри, според американскиот геолошки институт. Првичните извештаи велат дека загинале 3 лица. Сеизмолошката агенција на земјата, Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs), соопшти дека земјотресот се случил во близина на брегот на градот Хенерал Сантос во покраината Сарангани, на најјужниот врв на островот Минданао. Phivolcs, исто така, издаде предупредување за цунами, повикувајќи ги луѓето што живеат во крајбрежните области да се евакуираат. Цунами брановите би можеле да достигнат 1 до 3 метри над нивото на плимата во делови од Филипините, според американскиот Систем за предупредување од цунами. Фотографиите од локалната информативна канцеларија во градот Хенерал Сантос покажаа продавници и згради што се уриваат во земјотресот. WATCH: Building collapses after magnitude 7.8 earthquake strikes the Philippines pic.twitter.com/8Q9XFK6Gf8 — BNO News Live (@BNODesk) June 8, 2026 Силниот земјотрес го погоди подрачјето додека јавните училишта токму денеска ја започнуваа својата нова учебна година. Видеата на социјалните мрежи покажаа десетици преплашени ученици од основно училиште како седат надвор додека земјата под нив се тресе силно во покраината Западен Давао. Друга снимка покажа како покривот на кампусот на средно училиште се урива додека учениците се редат пред училишно спортско игралиште во Западен Давао. Нема повредени во ниту еден од инцидентите. Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Хуниор рече дека „им наредил на сите релевантни владини агенции веднаш да дејствуваат“ за да ги евакуираат жителите и да започнат со спасувачките акции. A 7.8-magnitude earthquake today, June 8, 2026, caused multiple building collapses and extensive damage in General Santos, Mindanao, Philippines. pic.twitter.com/ortl6Myp5L — Weather Monitor (@WeatherMonitors) June 8, 2026 „До нашите сонародници во погодените покраини, ве молиме послушајте го предупредувањето за цунами. Преместете се на повисоки места сега. Не чекајте. Вашиот живот е поважен од сè што ќе оставите зад себе“, рече тој во соопштението. Покраината Сарангани, каде што се појавуваат повеќето слики од штетите, е дом на околу 580.000 луѓе. Бенхие Анчета, шефицџа на полицијката во градот Алабел во Сарангани, рече дека нема веднаш извештаи за жртви, но некои луѓе се онесвестиле по силните потреси. „Ова е најсилниот земјотрес што некогаш сме го доживеале“, изјави Анчета за Reuters по телефон. Индонезија издаде предупредување за цунами за својот североисточен брег, додека Јапонија го стори истото за својот јужен брег, од префектурата Ибараки до префектурата Окинава. Филипините, Индонезија и Јапонија се наоѓаат на т.н. Огнен прстен, прстен од раседни линии што го опкружува Тихоокеанскиот басен и е склонен кон чести земјотреси и вулкански ерупции. Не е откриена закана од цунами за Хаваи, според американската Национална метеоролошка служба. Филипини земјотрес Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site